logo
logo
logo

Сполитика: МОК НЕ ГО ПРИЗНАВА ЛУКАШЕНКО, Белорусија исфрлена од олимијадата!

Vecer | 08.03.2021

Сполитика: МОК НЕ ГО ПРИЗНАВА ЛУКАШЕНКО, Белорусија исфрлена од олимијадата!

Спортот веќе не е забава, активност, рекреација или натпреварување. Тој е мешавина од спорт и политика која може да се нарече - сполитика.

Меѓународниот олимписки комитет (МОК) објави дека нема да го признае Виктор Лукашенко, синот на белорускиот претседател Александар Лукашенко, за нов претседател на Олимпискиот комитет на земјата, што значи дека Белорусија нема да може да се натпреварува на Олимписките игри во Токио ова лето.

Во изјавата се прецизира дека фактот што МОК не го признава Лукашенко за претседател значи дека исклучувањето на Белорусија од сите активности на таа организација, вклучително и од Олимписките игри, останува во сила, пренесува Тас.

Виктор Лукашенко беше избран за претседател на Олимпискиот комитет на крајот на февруари, иако МОК ги суспендираше и него и неговиот татко и им забрани учество на Олимпијадата во Токио.

Александар Лукашенко беше на чело на Националниот олимписки комитет 23 години, а неговиот син Виктор досега беше потпретседател, пренесува Танјуг.

Во декември минатата година, МОК ги суспендираше и таткото и синот, со образложение дека не ги штити атлетичарите кои учествуваа на протестите во таа земја од дискриминација.

Протестите во Белорусија избија по претседателските избори во август, на кои Лукашенко го освои шестиот мандат.

Опозицијата и западните земји тврдат дека изборите биле нерегуларни, додека официјален Минск го негира тоа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk