logo
logo
logo

Спасојевиќ: Грција е заинтересирана за отворање на границата за граѓаните од Србија

Vecer | 10.03.2021

Спасојевиќ: Грција е заинтересирана за отворање на границата за граѓаните од Србија


Српскиот амбасадор во Грција Душан Спасојевиќ вели дека Грција е заинтересирана да ја отвори границата за српските туристи и дека не треба да има сомнеж дека ќе стори сé за тоа да се случи.

Тој посочува дека северот на Грција живее од српски туристи и дека е сериозно погоден од одлуката за затворање на границата за српските граѓани во јули минатата година.

“Преговорите траат од средината на јануари. Грција е заинтересирана подолго време, тоа не треба да се доведува во прашање и има добра волја да ја отвори повторно границата за српските туристи”, рече Спасојевиќ.

Тој потсетува дека во моментов во Грција можат да влезат возачи кои се вработени таму, сезонски работници, оние кои имаат живеалиште, сопственици на недвижнини, но и граѓани на Србија кои треба да поминат низ третман.

„Се надевам дека границата ќе се отвори, бидејќи има ефект врз целиот регион“, рече Спасојевиќ, додавајќи дека ситуацијата во Грција денес е малку полоша од претходните денови, бидејќи бројот на нови пациенти е зголемен.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk