logo
logo
logo

Советник за надворешна политика на Трамп се сретна со европски претставници

Vecer | 10.07.2024

Советник за надворешна политика на Трамп се сретна со европски претставници

Неколку високи европски функционери се сретнаа со советникот за надворешна политика на Доналд Трамп на овонеделниот самит на НАТО во Вашингтон, во услови на подготовки на американските сојузници за можниот реизбор на поранешниот претседател на изборите во ноември, објавија британските медиуми.

Кит Келог, пензиониран генерал-полковник, кој служеше како началник на Генералштабот на Советот за национална безбедност на Трамп, изјави дека во последните денови се сретнал со неколку европски претставници, вклучително и неколку министри за надворешни работи. Тој не го откри идентитетот на странските функционери ниту за што се разговарало во текот на нивните разговори.

Келог, кој е во редовен контакт со Трамп, нагласи дека тој не зборува во име на поранешниот претседател или неговата кампања.

Меѓу главните грижи на европските лидери е како Трамп ќе се справи со војната во Украина, како и односот на Вашингтон со НАТО. Поранешниот претседател и неговите сојузници изразија скептицизам за испраќање поголема помош за Украина, а Трамп постојано ги критикуваше земјите од НАТО дека трошат премалку за одбрана.

Иако Келог не откри со кого се сретнал, во понеделникот објави снимка на платформата Х од, како што рече, „неформална дискусија“ со претседателот на Врховната Рада (украинскиот парламент) Руслан Стефанчук.

Исто така, претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, се сретна со Ричард Гренел, поранешен в.д. Директорот на националното разузнавање под Трамп, покажува фотографија објавена на фејсбук-профилот на Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk