„Оваа Нобелова награда ќе ја поттикне нејзината борба за човекови права, но уште поважно, тоа всушност е награда за женското движење, нивниот живот и слобода“, изјави сопругот на нобеловката, Таги Рамахи, кој живее во Париз.
Нобеловиот комитет одлучи претходно денеска да ја додели Нобеловата награда за мир за 2023 година на иранската активистка Наргес Мохамади.
Наградата, како што се наведува во образложението, ѝ е доделена на Наргес Мохамади за нејзината борба против репресијата над жените во Иран и борбата за промовирање на човековите права и слобода за сите.
Мохамади е една од водечките активисти за човекови права во Иран, кој се бори за правата на жените и за укинување на затворските казни. Таа во моментов издржува затворска казна во Техеран. Била затворена 13 пати, а пет пати осудена. Таа е осудена на вкупно 31 година затвор.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата