logo
logo
logo

Сомнителен кинески балон на небото над САД

Vecer | 03.02.2023

Сомнителен кинески балон на небото над САД

Белиот сомнителен авион летал на голема височина над Северна Америка и над чувствителни воени локации, соопштуваат високи американски претставници. Објектот прелета над Алеутските острови на Алјаска и низ Канада пред да се појави над градот Билингс во Монтана во средата, последно бил виден над западната држава Монтана, а информациите се дека надлетува над САД веќе неколку дена.

Врвните воени лидери се состанаа во средата за да ја проценат заканата, официјален претставник изјавил дека очигледното шпионски балон летал над чувствителни локации за да собира информации. Воени претставници сепак

го советувале претседателот  Бајден да не го соборува поради стравувањето дека остатоците би можеле да претставуваат безбедносна закана. Борбените авиони се на готовс,во случај Белата куќа да даде зелено светло објектот да биде соборен

Кина го разгледува американскиот извештај. Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Мао Нинг, рече дека Пекинг во моментов се обидува да ги потврди извештаите за надзорниот балон, додавајќи дека „додека не се разјаснат фактите, правењето претпоставки и сензација на проблемот нема да помогне правилно да се реши и посочи дека Кина е одговорна земја, која што секогаш строго го почитува меѓународното право.

Познавачите велат дека т.н. шпионски балон можно е да ги зголеми тензиите пред посетата на американскиот државен секретар Антони Блинкен на Кина следната недела, што ќе биде прва посета на земјата од страна на секретар на кабинетот на администрацијата на Бајден.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk