logo
logo
logo

Со ужасна смрт загина Италијанец, додека возел велосипед на опасна планинска патека- падна од 200 метри (ВИДЕО)

Vecer | 17.07.2025

Со ужасна смрт загина Италијанец, додека возел велосипед на опасна планинска патека- падна од 200 метри (ВИДЕО)

Иако искусен експерт во овој планински регион, тој починал откако паднал од голема висина, за која се верува дека е над 200 метри, откако претходно објави видео од самиот врв на планината, објави Дејли Меил.

Неговата страст кон возењето велосипед и планините беше дел од неговото секојдневие, а поранешната канцелариска работа ја замени со живот полн со адреналин и природа.

Пријателите го пријавија како исчезнат, а неговото тело беше пронајдено по сложена потрага во раните утрински часови што траеше долго.

Тонели остави длабок белег во заедницата на екстремни спортови, позната по достигнувања како што е искачувањето со велосипед до врвот на највисокиот вулкан во светот, кои ги паметат многумина кои го сакаат и го следат спортот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk