Во текот на денот на социјалните мрежи се појавија бројни видеа од авионската несреќа и експлозијата при слетувањето, но ова е првото кое документира каква била атмосферата во внатрешноста на леталото.
Лицето на мажот јасно покажува загриженост и исчекување како ќе заврши ситуацијата во која се нашол. За среќа, тој се спасил со полесни повреди и жената вели дека бил примен во болница поради површни рани на лицето.
One of the passengers on #Azerbaijan #airlines Flight #J28243 sent a video to his wife just minutes before the crash. The man in this video survived. His wife says he's being treated for a wound on his face. #PlaneCrash #Azerbaijan #Kazakistan pic.twitter.com/RD1XxZ3Zw3
— Saleem Iqbal Qadri (@SaleemQadri_) December 25, 2024
Да потсетиме, по падот на патнички авион во Казахстан, кој со 67 лица патуваше од Баку за Грозни, се појавија информации за причината за несреќата. Имено, како што пишуваат азербејџанските медиуми, авионот налетал на јато птици.
Подоцна се појави информација дека авионот бил пренасочен кон аеродромот поради густа магла, но дошло до несреќа на само три километри од градот Акатау.
Според последните информации од Казахстан, по падот на патнички авион во близина на градот Актау, преживеале 32 лица на кои им била укажана лекарска помош, а 38 загинале.
„Најновото ажурирање вели дека 32 лица ја преживеале авионската несреќа и се лекуваат“, изјави за време на брифингот Кенан Зејналов, виш обвинител на Прес-службата на Јавното обвинителство, пренесува АПА.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата