На видеото се слуша како полицискиот диспечер го моли Чарлс да не го повреди девојчето. По инцидентот девојчето неповредено е вратено кај семејството, објави Пипл.
Инцидентот се случил на 11 ноември кога Чарлс ја киднапирал ќерката од куќата на нејзината баба. Пред тоа се обидел да го земе девојчето од училиште, но не успеал бидејќи немал старателство над неа.
Откако киднапирањето било пријавено во полиција, веднаш започнала потрага. Неговиот автомобил бил лоциран истата вечер. Кога ги видел почнал да бега, но полицајците му пукале во гумите и на крајот застанал на паркинг.
Чарлс потоа имал неколку разговори со полицискиот диспечер, кому му се заканил дека ќе го убие и детето и себеси.
На снимките од телефонските разговори, кои изминатава недела беа објавени во јавноста, се слуша како Александар се заканува дека е вооружен, а потоа мирно ѝ кажува на ќерката „дека ќе оди во рајот“.
„Ќе нѐ застрелам и двајцата, повлечете се сега“, се слуша како вели Чарлс, додека во позадина се слуша мало девојче кое го моли да не го прави тоа.
"Сакам да разговарам со нејзината мајка. Ешли, ако го слушаш ова, треба да ми се јавиш", рекол тој.
После тоа, девојчето го прашала својот татко од каде знае дека и двајцата ќе одат во рајот.
„Затоа што си добра“, ѝ рекол татко ѝ.
Девојчето одговорило дека тој ден не сака да оди во рајот.
„Ни јас не го сакав тоа, само сакав да разговарам со мајка ти“, сосема смирено ѝ рекол татко ѝ.
„Не сакам да умрам денес, не сакам да одам во рајот“, одговорило малото девојче.
Диспечерот потоа го советувал Чарлс да зборува смирено со девојчето за да не се вознемири.
Подоцна полицијата го застрелала таткото, додека детето безбедно е вратено дома.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата