И покрај неговите силни изјави, онаа што не изгледаше особено импресионирана беше првата дама, Меланија Трамп, објави Дејли Меил.
Говорот на американскиот претседател започна неочекувано: тој имаше проблем со телепромптерот штом се качи на сцената, додека малку порано и ескалаторот застана додека се качуваше со сопругата.
Од говорницата на Генералното собрание, Трамп го спомена ова, велејќи дека ова се две работи што ги добил од ОН, но не се двоумеше да се пофали себеси, тврдејќи дека завршил седум војни и презентирајќи ги своите достигнувања како бизнисмен на пазарот на недвижности.
Меланија Трамп, елегантно облечена во беж костум, го гледаше говорот на својот сопруг од салата, но не изгледаше ентузијастична за она што го слушна.
Напротив, нејзиниот став во текот на целиот говор откриваше рамнодушност, а можеби и здодевност. Кога Трамп заврши со говорот, публиката експлодираше во аплауз, но Меланија не реагираше веднаш.
Таа аплаудираше дури откако забележа дека објективот на фотографот е насочен кон неа, по што следеше краток аплауз, но таа остана многу воздржана.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата