Украинските војници трошат повеќе оружје отколку што можат да добијат нивните сојузници, така што нивните залихи се исклучително мали. Како што пишува „Њујорк тајмс“, и глобалните залихи на руско оружје се при крај, па прекинот на извозот на оружје за Кипар дојде во вистинско време.
САД бараат оружје од руски тип или старо оружје за испраќање во Украина.
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен ги посети Камбоџа, Демократска Република Конго, Руанда, Мексико, Колумбија и Перу, барајќи и тие да ги испратат своите резерви во Украина.
Финска долго се двоумеше, но сега испраќа оружје од руски тип во Украина. Јужна Кореја испорачува елеци, шлемови и медицинска опрема.
Кипар беше под американско ембарго 35 години, по конфликтот што го остави островот поделен на грчки и турски дел, па набави оружје од СССР, а потоа и од Русија. Имаат најмалку 10 ракетни системи „Тор“ и „Бук“ кои можат да соборуваат руски авиони, беспилотни летала и проектили.
Кипар би можел да го искористи укинувањето на ембаргото за да ја модернизира својата армија. Американците велат дека веќе неколку години подготвуваат укинување на ембаргото и дека нивната главна цел била да го извлечат Кипар од руското влијание. САД сега го гледаат Кипар како потенцијален извор на оружје за Украина.
Кипар има ракетни фрлачи, ракети, хеликоптери, тенкови, кои би можеле да бидат вредна поддршка за Украинците, истакнува воениот аналитичар Бредли Бауман.
Во потрага по оружје, „мораме да гледаме под секоја карпа“, вели Буман. Тој предлага западните земји да испратат повеќе модерно оружје од западно производство на Кипар, во замена за советското и руското што би го испратиле во Украина.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата