logo
logo
logo

СМЕНА НА РОЗОВИТЕ ШЕШИРИ: Оваа жена ја тргнала кралицата Елизабета од чело на државата (фото)

Vecer | 29.11.2021

СМЕНА НА РОЗОВИТЕ ШЕШИРИ: Оваа жена ја тргнала кралицата Елизабета од чело на државата (фото)

Кралицата Елизабета ќе има една територија помалку кога следната недела Барбадос ја прекинува врската со Британија така што ќе ја тргне кралицата од чело на државата и ќе прогласи република. Познат по своите плажи и љубов спрема крикетот, Барбадос ќе ја замени досегашната кралицата Елизабета втора со нејзината сегашна претставничка, генерална гувернерка Сандра Масон.

Карибите кажале не!

Државата ќе брои 285.000 жители. Барбадос под ропство е повеќе од 200 години, а конечна независност се здобил во 1966 година.

Принцот вечерва ќе одаде чест за “блиско и сигурно партнесрство“ меѓу Обидинетото Кралство и Барбадост , додека карипскиот остров слави што станал република.

Барбадос ќе стане четврта република на Карибите која се ослободила од Велика Британија, после Гвајана, Доминика и Тринидада и Тобога – а татнежи има и на другите острови.

За кралицата се вели дека била тажна поради крај на една ера, но извор за Сандеј тајмс рекол: “Кралицата знае дека светот се менува и оди напред. Кралицата наводно изразила “тага“ поради тој потег, додека принцот од Велс, кој сношти пристигнал во Бриџтаун, ќе биде “малку тажен“ на церемонијата по повод прекинување со врската на монархијата после вековното британско владеење.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk