Работниците присуствувале на прием во палатата, а потоа отишле во блискиот бар за да ја продолжат прославата, но набргу потоа избила тепачка, јавува Ројтерс.
Од палатата потврдиле дека официјални лица биле информирани за инцидентот што се случил надвор од работното место.
„Иако се работеше за неформален собир, а не за официјална божиќна забава, сѐ ќе биде детално истражено, а против поединечни вработени ќе бидат поведени дисциплински постапки“, се наведува во соопштението.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата