logo
logo
logo

Системот „Патриот“, романска донација, пристигна во Украина

Vecer | 03.10.2024

Системот „Патриот“, романска донација, пристигна во Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера и се заблагодари на Романија за донацијата, но и побара од членките на НАТО во соседството на Украина да работат на соборување руски беспилотни летала и ракети.

„Благодарност до секоја земја која навистина ни помага во противвоздушната одбрана. Особено и благодарам на Романија за системот „Патриот““, рече Зеленски.

Романската влада во септември го усвои последниот нормативен акт неопходен за донирање на системот „Патриот“ на Украина. Во документот, што е доверлив, се наведува дека Романија ѝ го дава системот Патриот на Украина на бесплатно користење.

Романското Министерство за одбрана претходно посочи дека ќе испорача еден од седумте системи Патриот во конфигурацијата 3+ што Романија ги купи од САД.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk