logo
logo
logo

Сириските Курди повикуваат на целосен прекин на борбите

Vecer | 16.12.2024

Сириските Курди повикуваат на целосен прекин на борбите

Во изјавата што пред новинарите во Рака ја прочита курдскиот функционер Хусеин Отман, тој повика на „престанок на воените операции низ сириската територија со цел национален дијалог“.

Коалицијата предводена од радикалната исламистичка група Хајат Тахрир ал-Шам ја презеде власта во Дамаск на 8 декември, по офанзивата започната од северна Сирија.

Во исто време, протурските вооружени групи започнаа офанзива против курдските сили во североисточниот дел на земјата.

Сириските Курди ја нагласуваат потребата од „зачувување на единството и суверенитетот на сириските територии“ и „заштита од нападите на Турција и нејзините платеници“. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk