На видеата објавени на платформата „Икс“ може да се забележат борци и цивили како влегуваат во напуштената претседателска палата, ги ограбуваат работите на Асад и се сликаат на неговата маса.
На снимката се гледа дека во просториите на претседателската палата останал малку мебел, а портретот на Асад е фрлен на подот.
Видлив е и голем хангар исполнет со автомобили вредни милиони евра, вклучувајќи „Ферари“, „Астон Мартинс“, „Ролс Ројс“, „БМВ“ и „Мерцедес“.
Претседателската палата вклучува три шесткатни згради со вкупна површина од 510.000 квадратни метри. /МИА
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата