Илјадници верници се собраа денеска во Омајад или Големата џамија во Дамаск на втората петочна молитва по падот на партијата Баас и режимот на семејството Асад. Прославувајќи го падот на режимот Баас, толпата го откина врежаното име на Хафез ал-Асад од мермерната плоча на надворешниот ѕид на џамијата.
Покрај деловите од Куранот, отстранетиот натпис гласеше „Оваа џамија е повторно изградена во времето на верниот претседател Хафез ал-Асад“. Сириските граѓани ширум земјата ги отстрануваат статутите и симболите на режимот Баас, кој беше соборен на 8 декември по 61 година владеење.
Finally removing Hafez Assad's name from the Umayyad mosque in Damascus. pic.twitter.com/OC2jOKXyHl
— Rami (@RamiSafadi93) December 20, 2024
Сирија е сцена на граѓанска војна од 2011 година, а судирите меѓу силите лојални на режимот на Башар ал Асад и опозициските сили повторно се интензивираа на 27 ноември.
Во рок од десет дена, односно до 7 декември, антирежимските групи ја презедоа контролата врз големите сириски градови како Алепо, Идлиб, Хама и Хомс. Напредувањето на антирежимските сили беше крунисано со нивното влегување во Дамаск на 7 декември, кога граѓаните на сириската престолнина го поздравија нивното пристигнување. Ова доведе до пад на режимот на Баас, а Башар ал Асад побегна во Русија, каде што доби азил.
Во исто време, опозициската Сириска национална армија ја започна антитерористичката операција „Зора на слободата“, со која центарот на Тал Рифат го ослободи од окупацијата на терористичката организација ПКК/ЈПГ. Во продолжение на операцијата, Манбиџ, стратешки важен град на западниот брег на Еуфрат, беше ослободен од терористичката окупација.
По соборувањето на режимот, во Сирија беше формирана привремена администрација, а Мохамед ал Башир беше назначен за премиер на привремената администрација до март 2025 година. Голем број земји повторно испратија дипломатски делегации во Дамаск, вклучително и Турција, чија амбасада повторно беше отворена на 14 декември.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата