logo
logo
logo

Сириецот, кој нападна мали деца со нож, бил христијанин и го извикувал името на Исус

Vecer | 08.06.2023

Сириецот, кој нападна мали деца со нож, бил христијанин и го извикувал името на Исус

Тој имал дозвола за постојан престој во Шведска врз основа на право на азил. Во меѓувреме неколку пати аплицирал за шведско државјанство, но секој пат бил одбиен. Последното барање го упатил минатото лето, но тој случај се уште не е решен.

Афтонбладет пишува дека Сириецот „живеел уреден живот“, а единствениот контакт со правосудниот систем бил пред неколку години кога бил казнет поради злоупотреба на социјалните бенефиции и стипендии.

Тој сè уште бил регистриран во мало гратче во западна Шведска, каде што живеел заедно со неговата 26-годишна сопруга и едно мало дете. Неговата сопруга тврди дека не слушнала ништо за него четири месеци.

Повикувајќи се на француски извори, Афтонбладет пишува дека напаѓачот од Анеси при апсењето имал крст и христијански молитвеник, а во барањето за постојан престој во Франција тој наводно се декларирал како „христијанин од Сирија“.

При денешниот напад врз децата во паркот, Сириецот се повикал на името на Исус Христос.

Да потсетиме, четири мали деца и двајца возрасни се повредени во напад со нож во парк во Анеси, град на француските Алпи.

Избодените деца се на возраст од 22 месеци до три години, соопшти полицијата. На социјалните мрежи се појави страшна видео снимка од нападот, на која се гледа како преплашен напаѓач со нож бара и прободува деца на детско игралиште, вклучително и прободува дете во количка. Видеото е крајно вознемирувачко и нема да биде објавено.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk