logo
logo
logo

Син на познат милионер со јахта убил млад рибар во Шпанија, во полиција дошол со адвокат

Vecer | 30.08.2024

Син на познат милионер со јахта убил млад рибар во Шпанија, во полиција дошол со адвокат

Јахтата „Ла Луна“ долга 20 метри и 39 тони учествувала во несреќата во близина на источниот брег на популарното одморалиште, кое, според германските медиуми, е во сопственост на бизнисмен – сопственик на синџир на познати маркети, Клаус Виехоф (62) и неговиот син Денис (35), кој наводно управувал со пловилото, објави Билд.

Таткото на Денис е еден од четворицата синови на Еуген Вихоф, основачот на познатата продавница „Алкауф“, која во 1998 година ја презеде Метро Груп.

По несреќата, Денис бил повикан на сослушување во шпанската полиција, каде отишол во придружба на адвокат, но наводно одбил нешто да каже.

Несреќата се случила минатиот петок околу 21 часот и 20 минути. Според пишувањата на медиумите, мал рибарски брод со тројца патници отишол на брегот да лови лигњи. Недолго потоа, на нив налетала луксузна јахта. Во несреќата загинал Гилем Комамала (20) кој во чамецот бил со вујко му и момче (13) кои ја преживеале несреќата, но се во состојба на тежок шок.

Според вујкото на починатиот, јахтата пловела со многу голема брзина, а екипажот наводно не го запрел пловилото и не понудил помош по несреќата.

Шпанскиот весник „Ултима Хора“ пишува дека следното утро набрзина била исчистена и средена луксузната јахта „Ла Луна“. Наводно како доказ биле подигнати и чашите фрлени во пристаништето. Полицијата истражува дали во петокот била организирана забава на јахтата, па сопствениците се обидувале да ги отстранат трагите. Недолго по исчистувањето на јахтата, припадниците на полицијата пристигнале на пристаништето и го задржале пловилото.

Во полиција наводно завршила и чистачка. Таа рече дека не знаела ништо за несреќата, но дека дошла да ја исчисти јахтата по инструкции на сопственикот од Германија. Полицијата соопшти дека при претресот на јахтата бил пронајден телефон кој е предмет на понатамошна истрага.

Се прегледуваат и видео снимки од безбедносните камери на јахт клубот Мајорка. Ова треба да помогне да се утврди точно колку луѓе имало на јахтата во моментот на несреќата, како и дали осомничените се обидувале да побегнат по несреќата.

Инспекторите се сомневаат во изјавата дека екипажот не забележал дека удриле во чамецот.

Семејството Виехоф допрва треба да даде официјална изјава за медиумите, а исто и  адвокатот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk