logo
logo
logo

Син на познат актер е осуден на доживотен затвор- го убил љубовникот и му го распарчил телото

Vecer | 29.08.2024

Син на познат актер е осуден на доживотен затвор- го убил љубовникот и му го распарчил телото

По убиството, Даниел го пресекол својот љубовник (44), хирург од Колумбија, на 17 дела, а потоа деловите од телото ги фрлал каде и да било. Тој првично бил осуден на смрт, но бидејќи соработувал со истрагата, казната му била ублажена и сега ќе одлежи доживотен затвор.

Адвокатот на семејството на убиениот хирург рече дека е задоволен од пресудата, но посочи дека и двете страни во процесот се уште имаат право на жалба.

Да потсетиме, Даниел извршил брутално убиство во август минатата година. Тој брутално го убил и распарчил колумбискиот лекар Едвин Аериета Артеага (44) со кого, како што претходно објавија медиумите, имал сексуална врска, а убиството го признал во полиција по апсењето.

Во таа прилика Даниел демантираше дека е во врска со Артеага, но беше откриено дека двајцата планирале заеднички одмор на Тајланд, а Артеага уште порано резервирал сместување.

Бруталното убиство излезе на виделина откако на депонија биле откриени кеси со човечки останки. Не долго откако локалните медиуми го објавија страшното откритие, со наслови дека странски државјанин е осомничен за убиство, Даниел истрчал во полиција и пријавил дека неговиот пријател од Колумбија исчезнал, иако знаел дека Артеага е мртов.

Полицијата го сомничи Даниел затоа што дошол да го пријави исчезнувањето со гребаници по телото, но потоа не го привеле, бидејќи немале докази дека останките кои биле пронајдени се на Артеага. Тогаш клопчето почнало да се расплетува...

Се испоставило дека Артеага веќе резервирал хотел во Тајланд за периодот од 31 јули до 3 август. Меѓутоа, Даниел пристигнал на островот неколку дена порано. Даниел тврдел дека Артеага бил тој што му се придружил на патувањето, но полицијата открила дека Артеага е тој што го платил патувањето. Иако Даниел престојувал во хотел што го платила Артеага, тој имал уште една хотелска резервација за 1 и 2 август.

Како што претходно објавија медиумите, Даниел и Артеага вечерале на 1 август во хотелот што Даниел го резервирал. Истата вечер, безбедносните камери го снимиле Даниел како купува ножеви, гумени ракавици, пластични кеси и средства за чистење во продавниците. За време на првичното сослушување, Даниел ѝ рекол на полицијата дека првпат го видел Артеага во средата, на 2 август околу 15 часот, кога отишол во пристаништето во Кох Фанган да го земе. Потоа, рече тој, отишле на ручек во ресторан, по што заминале на плажата Хат Рин, која се наоѓа во близина на хотелот во кој престојувале. Но, било утврдено дека делото се случило ден претходно.

Тогаш Даниел ѝ рекол на полицијата дека вечерта на 1 август, Артеага дошол во неговата хотелска соба и побарал да има секс. Тврдел дека одбил да спие со Артеага и дека го оттурнал, а тој паднал и удрил со главата на работ од кадата. Потоа, како што рече, се обидел да се ослободи од телото распарчувајќи го и фрлајќи ги парчињата на неколку локации на островот и во морето.

Жената, која поседува продавница за изнајмување чамци, рекла дека Даниел дошол кај неа на 1 август околу 21:00 часот, видно вознемирен и барал да изнајми чамец. Откако таа постојано му рекла дека не е безбедно да се плови, Даниел понудил 1.000 долари во кеш за да го купи бродот, а таа на крајот ги прифатила парите. Кога го зел чамецот, Даниел го ставил куферот во него во кој се наоѓале деловите од телото и со веслање излегол на отворено море, каде што ги фрлил. После тоа, тој се вратил во својата соба и го напуштил хотелот во четврток на 3 август во 9 часот.

Истиот ден, локалните медиуми објавија дека собирач на отпад пронашол карлица и дел од црево во пластична кеса околу пладне на депонијата.

Даниел, кој е познат и како готвач на Јутјуб и кој работел во угостителска компанија во Мадрид, отишол на забава со две девојки кои ги запознал во хотелот по убиството. Откако се вратил од забава и наводно видел вести за откривање човечки останки во локалните медиуми, отишол во полиција и пријавил дека Артеага исчезнал.

Ден потоа Даниел бил приведен, а полицијата извршила нов претрес на депонијата и пронашла уште кеси со човечки останки. Во нив се откриени делови од долните екстремитети и парчиња облека. Кога полицијата упаднала во собата што Даниел претходно ја резервирал на свое име, инспекторите откриле дека фрижидерот, тоалетот и мијалникот биле избришани. За среќа, тие успеале да извадат едно влакно и парче марамче од одводот.

За тоа време Даниел попуштил и во притвор, во присуство на адвокат, признал дека го убил Артеага, тврдејќи дека го држел како заложник.

„Беше опседнат со мене. Ме измами, ме натера да верувам дека сака да работиме заедно. Инвестирал пари во компанија во која сум косопственик. Сето тоа беше лага. Тој само сакаше да биде со мене. Сакаше да ми биде дечко. Секој пат кога се обидував да побегнам од него, ми се закануваше“, тврди Даниел.

Даниел соработувал во текот на истрагата и на полицијата ѝ ги покажал локациите каде ги фрлил деловите од телото.

Неговиот татко и мајка биле присутни на судењето.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk