ИДФ соопшти дека целта на еден од нападите, кој беше извршен во текот на ноќта, бил истакнат терористички оперативец кој дејствувал од поранешна училишна зграда во градот Газа, објави Тајмс оф Израел.
Израелската војска не го објави неговиот идентитет ниту детали за неговата улога во милитантното движење.
Училишната зграда која беше цел служеше како засолниште за раселените луѓе од Газа, а палестинските медиуми објавија дека во нападот загинале најмалку пет лица.
Според соопштението на ИДФ, оперативци на Хамас биле погодени синоќа во Кан Јунис и Деир ал Балах, во јужните и централните делови на Појасот Газа.
Во текот на изминатиот ден беа погодени цели поврзани со оперативни ќелии, магацини за оружје, тунелска инфраструктура, антитенковски лансирања и згради што ги користи Хамас, соопшти израелската војска. /МИА
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата