Силен циклон донесе многу обилни врнежи во многу делови на Шпанија, додека јужниот и источниот дел на земјата беа погодени од многу силно невреме со град и силни молњи.
Во овие подрачја локално за многу краток период наврнале над 150 литри дожд кои предизвикаа разорни поплави и порои.
Сувите делови на Андалузија, како и југоисточниот дел на земјата се најпогодени од невремето.
Градот целосно обеле одредени области и предизвика штета на автомобилите и куќите.
Многу населени места беа под вода, а по улиците течеа порои.
Мароко го погодија многу обилни врнежи, па делови од Сахара повторно се под вода.Силниот студ донесе дури и снег во планинските региони во центарот на Мароко.
Во следните денови под влијание на циклонот ќе бидат југозападниот дел од Европа и северозападниот дел на Африка со многу обилни врнежи од дожд и засилен ветер.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата