logo
logo
logo

Силно невреме ја парализира Италија: Човек исчезна во пороите, тревога во Венеција (ВИДЕО)

Vecer | 05.09.2024

Силно невреме ја парализира Италија: Човек исчезна во пороите, тревога во Венеција (ВИДЕО)

Поплавени се улиците на Торино, Вал ди Суза и Вал Сисонеа. Реката Џерардо се излеа, што предизвика уривање на мостот во селото Ѓордани, кој беше затрупан од карпи и камења.

Според првите информации, во селото Комбе биле отсечени дваесетина луѓе. Реката се излеа и во градот Бусолен, при што е прекинат сообраќајот на државниот пат, при што беа изолирани триесетина лица.

Во близина на Торино исчезна маж (58), чиј трактор го однела поројна река. Пожарникарите трагаат по него, а лошото време го отежнува спасувањето. Од брегот до кој се стигнува по земјен пат кој сега е пресечен од вода, може да се забележи возило превртено во коритото на реката и испакнина во матната вода, пишува Анса.

Силен дожд со кратки, но силни налети на ветер го погоди Бари, предизвикувајќи поплави и прекин на сообраќајот. Подвозникот во центарот на градот и железничкиот подвозник се поплавени и затворени за сообраќај. Гром предизвика неколку минути замрачување во центарот на градот.

Во Венеција плимата повторно предизвика проблеми. Плоштадот Свети Марко е под вода, а системот на браната Мозе не е активиран, па се огласиле сирените за тревога. Дополнително, граѓаните добија и СМС пораки со предупредување за опасност од поплави.

Постојаните дождови во Милано предизвикаа покачување на нивото на неколку реки. Реката Ламбро поминала 2,60 метри, па евакуирани се два домови за стари лица. Населбата Понте Ламбро е поплавена бидејќи реката влегла во канализацијата.

Пожарникарите мораа да интервенираат за да ги спасат луѓето од четири автомобили кои останале затрупани во поплавен подвозник, а една од интервенциите на пожарникарите беше да ги спасат луѓето во него.

Ветровите со брзина од над 100 км/ч во Џенова и обилните врнежи од дожд во западна Лигурија урнаа дрвја и билборди,а  многу области беа поплавени.

Во Тоскана е снимена пијавица која носи лежалки и чадори на плажа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk