logo
logo
logo

Силен земјотрес од 7,1 степени по Рихтер ги погоди северните делови на Филипини (ВИДЕО)

Vecer | 27.07.2022

Силен земјотрес од 7,1 степени по Рихтер ги погоди северните делови на Филипини (ВИДЕО)

Силен земјотрес со јачина од 7,1 степен според Рихтеровата скала е регистриран на Филипините утрово во 2:43 часот, соопшти ЕМСЦ.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри и 13 километри југоисточно од гратчето Долорес на островот Лузон. Се почувствувал и во главниот град Манила, на повеќе од 400 километри оддалеченост од епицентарот, каде работниците и жителите се евакуирале од зградите и се собрале на улиците.

Филипинскиот институт за вулканологија и сеизмологија ги предупреди граѓаните на можноста од последователни потреси, но додаде дека нема опасност од цунами, пишува Си-ен-ен.

Претставничката Чинг Бернос рече дека земјотресот „предизвика штета на многу домаќинства и институции“. Фотографиите од покрианата Абра покажуваат значителни штети на некои згради.

Гардијан јави дека најмалку две лица загинале, а десетици се повредени.

Епицентарот на земјотресот е во провинцијата Абра во планинска област, изјави шефот на филипинскиот институт за вулканологија и сеизмологија, Ренато Солидум.

„Земјата се тресеше како да сум на лулашка и светлата наеднаш се изгаснаа. Истрчавме од канцеларијата и слушнав крици, а некои од моите придружници беа во солзи“, рече Мајкл Брилантес, офицер за безбедност во градот Лагангиланг во Абра, во близина на епицентарот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk