logo
logo
logo

Силен земјотрес од 6,4 степени го погоди Чиле

Vecer | 14.12.2024

Силен земјотрес од 6,4 степени го погоди Чиле

Земјотресот бил на длабочина од 100 километри, соопшти ЕМСЦ.

Земјотресот бил почувствуван во централните и северните региони на Чиле, вклучувајќи го и главниот град Сантијаго. Националниот систем за спречување и одговор при катастрофи на Чиле соопшти дека нема извештаи за штета или жртви.

Чилеанската океанографска служба соопшти дека земјотресот „не ги исполнува условите неопходни за да се создаде цунами“.

Чиле се наоѓа во т.н Пацифички огнен прстен, регион познат по некои од најголемите сеизмички и вулкански активности во светот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk