logo
logo
logo

Силен земјотрес на Хаити, најмалку тројца загинати

Vecer | 06.06.2023

Силен земјотрес на Хаити, најмалку тројца загинати

Земјотресот се случи додека островската држава се бори да се опорави од поплавите во кои загинаа 42 лица за време на викендот.

Американскиот геолошки институт соопшти дека епицентарот на земјотресот со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала, со длабочина од само 10 километри, бил во близина на областа Лес Абрикотс во департманот Гранд Анс. Официјален претставник за катастрофи на Хаити изјави за Асошиетед прес дека досега се потврдени три смртни случаи по уривање на куќа.

Слабата инфраструктура ја направи земјата ранлива на природни катастрофи. Земјотресот се случи само неколку дена откако Хаити се соочи со смртоносни поплави, што предизвика повици за меѓународна помош.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk