logo
logo
logo

Силен земјотрес ја погоди Турција, се тресеше и Истанбул

Vecer | 02.10.2025

Силен земјотрес ја погоди Турција, се тресеше и Истанбул

Земјотрес со јачина од 5,0 степени по Рихтеровата скала ја погоди денес западна Турција, со епицентар во Мраморното Море, на 39 километри од покраината Текирдаг, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Земјотресот бил почувствуван и во Истанбул, кој е оддалечен околу 100 километри од епицентарот на земјотресот, според Милиет.

Според EMSC, епицентарот на земјотресот бил на длабочина од девет километри.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk