logo
logo
logo

Силен снег направи хаос во Јужна Кореја среде метежот за Лунарната Нова година (ВИДЕО)

Vecer | 28.01.2025

Силен снег направи хаос во Јужна Кореја среде метежот за Лунарната Нова година (ВИДЕО)

Оваа година празникот, познат како Сеол, е продолжен на шест дена и ќе трае до четврток, откако владата одлучи понеделникот да биде привремен национален празник, објави Јонхап.

Според податоците на Korea Expressway Corp, патувањето од Сеул до југоисточниот пристанишен град Бусан, оддалечен околу 320 километри, се очекувало да трае седум часа и 20 минути, додека патувањето до Гангнеунг, град на околу 170 километри источно од главниот град, е проценето на три часа и 50 минути.

Луѓето се заглавени во сообраќајот со часови, јавуваат медиумите.

Сообраќајот на излезните линии од Сеул се очекува да достигне максимум околу пладне, а сообраќајот да се нормализира вечерва, помеѓу 20 и 21 часот.

„Корејски автопат“ ги предупреди возачите на лизгави патишта и ги советува да ја намалат брзината.

Се проценува дека 4,93 милиони возила ќе бидат на патиштата денес, вклучувајќи 500.000 возила што ја напуштаат пошироката област на Сеул и 530.000 што влегуваат во неа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk