logo
logo
logo

Трамп во Гвантанамо подготвува затвор за 30.000 мигранти

Vecer | 29.01.2025

Трамп во Гвантанамо подготвува затвор за 30.000 мигранти

Во американската поморска база во тој залив на Куба е сместен објект за мигранти кој со децении се користи наизменично, вклучително и за сместување на државјани на Хаити и Кубанци спасени на море, објави Тајмс.

„Денеска, исто така, потпишувам извршна наредба со која се упатуваат министерствата за одбрана и домашна безбедност да започнат со подготовка на притвор за мигранти од 30.000 лица во заливот Гвантанамо“, рече Трамп во Белата куќа.

Тој објасни дека објектот ќе се користи за „приведување на најлошите криминални нелегални странци кои му се закануваат на американскиот народ“. „Некои од нив се толку лоши што не ни веруваме дека нивните земји ќе ги задржат затоа што не сакаат да се вратат, па ќе ги испратиме во Гвантанамо. Тоа веднаш ќе го удвои нашиот капацитет, нели? Веднаш и силно“, рече тој.

Затворот Гвантанамо беше основан во 2002 година од тогашниот претседател Џорџ В. Буш за странски осомничени милитанти по нападите врз Соединетите држави на 11 септември 2001 година. Во него сè уште има 15 затвореници. Но, мигрантскиот објект е одделен од тој озлогласен затвор со високо обезбедување за странци, осомничени за тероризам.

Вчера американската војска објави дека ќе им дозволи на имиграциските и царинските служби да приведат мигранти во воздухопловната база Бакли во Колорадо.

Одлуката е донесена откако Трамп претходно нареди депортација на мигрантите од земјата со американски воени летови и распоредување на нешто повеќе од 1.600 војници на границата со Мексико.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk