logo
logo
logo

Сикорски ја предупреди Москва на СБ на ОН за последиците од нарушување на воздушниот простор на НАТО

Vecer | 23.09.2025

Сикорски ја предупреди Москва на СБ на ОН за последиците од нарушување на воздушниот простор на НАТО

-Имам само едно барање до руската влада - ако друга ракета или авион влезе во нашиот воздушен простор без дозвола, намерно или по грешка, и биде соборен, а остатоците паднат на територијата на НАТО, не доаѓајте да се жалите. Предупредени сте, рече Сикорски, обраќајќи се пред руската делегација за време на состанокот на Советот за безбедност во седиштето на Обединетите нации.

За време на говорот, Сикорски оцени дека Русија не е во состојба да живее во мир со своите соседи и апелираше до Кремљ да не предизвикува нов глобален конфликт, наведе полската агенција ПАП.

-Знаеме дека не ви е грижа за меѓународното право. Вашиот национализам содржи желба за доминација што нема да престане сè додека не сфатите дека ерата на империите е завршена и дека Руската империја нема да биде обновена, нагласи Сикорски, објави Политико.

Состанокот на СБ на ОН беше организиран на барање на Естонија, откако три руски авиони МиГ-31 во петокот наводно влегле во нејзиниот воздушен простор без дозвола и таму се заджаа 12 минути. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk