logo
logo
logo

Сијарто: И Брисел и Киев мора без двоумење да го прифатат американскиот мировен план за Украина

Vecer | 24.11.2025

Сијарто: И Брисел и Киев мора без двоумење да го прифатат американскиот мировен план за Украина

Сијарто оцени дека „безусловната и целосна поддршка за американскиот мировен план е единствено прифатливо однесување за сите европски политичари“. Според него, секој обид за избегнување на ова решение води кон подлабока криза и поголема неизвесност.

Тој предупреди дека влошувањето е видливо на повеќе нивоа – од растечкиот ризик од ескалација и загрозената европска безбедност, до економските последици, хуманитарната катастрофа и сè потешката положба на Украина во однос на зачувувањето на територијалниот интегритет.

- Нема да биде подобро бидејќи ситуацијата се влошува секој ден“, порача унгарскиот министер, додавајќи дека „не постои ниту еден аспект што би можел да се подобри“ додека конфликтот продолжува.

Притоа, Сијарто ги критикуваше европските лидери, истакнувајќи дека тие се повеќе насочени кон тоа да го „нарушат, саботираат и оневозможат“ планот на американската администрација, наместо да бараат начин што поскоро да се дојде до мир.

Според него, одолжувањето и опструкциите може да имаат сериозни последици за ЕУ, додека за Киев ситуацијата „веќе дошла до точка каде што прифаќањето на мировниот план би можело да биде единствениот преостанат пат за избегнување уште потежок исход“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk