logo
logo
logo

Си-Ен-Ен: Иран претпочита да преговара со Џеј Ди Венс наместо со Кушнер и Виткоф

Vecer | 25.03.2026

Си-Ен-Ен: Иран претпочита да преговара со Џеј Ди Венс наместо со Кушнер и Виткоф

 Иран сигнализираше до администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп дека би сакал да води преговори со потпретседателот Џеј Ди Венс, наместо со специјалните пратеници Стив Виткоф и Џаред Кушнер, јави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на дипломатски извори.

Пораката била пренесена преку неформални канали и ја одразува проценката на Техеран дека разговорите со Виткоф и Кушнер не би биле продуктивни поради недостиг на доверба по пропаѓањето на претходните контакти. Изворите наведуваат дека Венс во регионот се доживува како политичар посклон кон завршување на конфликтите во споредба со другите членови на тимот, како државниот секретар Марко Рубио. Сепак, регионалните аналитичари сметаат дека вклучувањето на Венс носи ризик бидејќи постигнувањето договор е исклучително тешко.

И покрај иранските желби, Виткоф останува силно вклучен во дипломатските активности, а официјален Вашингтон нагласува дека Иран ќе мора да преговара со оној што ќе го одреди претседателот. Портпаролката на Белата куќа, Керолајн Ливит, истакна дека Трамп одлучува за преговарачкиот тим, во кој се вклучени Венс, Рубио, Виткоф и Кушнер.

Еден функционер на Белата куќа ги оцени ваквите информации како обид за „поткопување на администрацијата на Трамп“. Како можен следен чекор се споменува средба на претставници на САД и Иран кон крајот на неделата во Исламабад, иако постои сомнеж за нејзино одржување.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk