logo
logo
logo

Си-Би-Ес: Потрошени 12 мил. долари за лично обезбедување на двајца поранешни советници на Трамп

Vecer | 27.02.2024

Си-Би-Ес: Потрошени 12 мил. долари за лично обезбедување на двајца поранешни советници на Трамп

Заштитата била побаранa поради наводна опасност од Иран и се спроведувала долго откако тие заминале од позициите, јави Си-Би-Ес.

Според документи од Министерството за внатрешна безбедност на САД, обезбедувањето за двајцата се состоело од специјални агенти во текот на 24 часа, со покривање на нивните домови, какo и патувањата дома и во странство.

Болтон бил заштитуван десет месеци од декември 2021 година откако се дознало дека постои иранска закана по неговиот живот. O’Брајан исто така десет месеци со почеток од октомври 2021 година.

Поранешниот претседател  Доналд Трамп наредил на тајната служба да испрати обезбедување за двајцата. Документите потоа откриваат дека нoводојдениот претседател Џо Бајден ја продолжил таа наредба.

Службеници како Болтон и О'Брајан вообичаено немаат такво ниво на обезбедување откако ги напуштаат позициите. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk