logo
logo
logo

Шведска влегува во НАТО- унгарскиот парламент попушти по две години

Vecer | 26.02.2024

Шведска влегува во НАТО- унгарскиот парламент попушти по две години

Одлуката денеска ја донесе унгарскиот парламент и со тоа исчезна и последната пречка за членство на Шведска во Северноатлантскиот договор.

Шведскиот премиер Улф Кристерсон со ентузијазам реагираше на одлуката на унгарскиот парламент, велејќи дека тоа е „историски ден“.

Историски неутрална Шведска, да потсетиме, поднесе барање за приклучување кон западната воена алијанса пред речиси две години. Гласањето, кое се одржа денеска во Будимпешта, уследи по состанокот во петокот меѓу шведскиот премиер Улф Кристерсон и неговиот унгарски колега Виктор Орбан, на кој тие се согласиле да ги остават настрана нивните разлики - велејќи дека се „подготвени да умрат еден за друг“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk