logo
logo
logo

Што се случи со украдениот Боинг 727 на американската компанија? СКОРО ДВЕ ДЕЦЕНИИ НИ ТРАГА НИ ГЛАС

Vecer | 04.07.2021

Што се случи со украдениот Боинг 727 на американската компанија? СКОРО ДВЕ ДЕЦЕНИИ НИ ТРАГА НИ ГЛАС

На 25.05.2003 година, авионот Боинг 727-223, регистриран како N844AA, беше украден од аеродромот „Кватро де Февеиро“ во Луанда, Ангола и потоа исчезна над Атлантскиот Океан. Беше спроведена масовна истрага од Федералното биро за истраги на САД (ФБИ) и Централната разузнавачка агенција (ЦИА), но оттогаш не е пронајдена никаква трага.

По 25 години работа во „Американ ерлајнс“, авионот беше паркиран и стоеше во Луанда 14 месеци, во процес на пренамена за употреба на ИРС ерлајнс. Според описот на ФБИ, авионот бил сребрен со сино-бело-црвена лента и претходно бил во воздушната флота на една голема авиокомпанија, но биле отстранети сите патнички места за да биде опремен за носење дизел гориво.

Непосредно пред зајдисонце на 25.05.2003 година, се верува дека двајца мажи по име Бен Си Падиља и Џон М. Мутанту се качиле во авионот за да се подготват за целиот лет. Бен бил американски пилот и инженер за летање, додека Џон најмен механичар од Република Конго, и двајцата работеле со механичари од Ангола. Но, никој од нив не добил дозвола да управува со Боинг 727, за кој обично се потребни тројца пилоти.

Авионот започнал да таксира без да комуницира со контролната кула. Неправилно маневрирал и влегол на пистата без дозвола. Служебниците од контроланата кула се обиделе да воспостават контакт, но немало одговор. Со исклучени светла, авионот полетал, тргнувајќи југозападно преку Атлантскиот океан, и никогаш повеќе е е виден, а ниту тие двајца се пронајдени.

Постојат бројни теории за тоа што се случило со Боингот 727-223 (N844AA)

Евентуално видување на исчезнатиот авион беше објавено во Конакри, Гвинеја, во јули 2003 година, но Стејт департментот на САД ја отфрли таа теорија.

Семејството Бен Падиља се сомнева дека Бен летал со авионот и се плашат дека потоа се срушил некаде во Африка или дека бил задржан против негова волја.

Некои извештаи сугерираат дека во тоа време имало само една личност во авионот, а некои претпоставуваат дека можеби имало и повеќе.

Бројни објавени извештаи велат дека властите на САД по настанот тајно го барале авионот во неколку земји по настанот, но без резултати. Потрага и на копно исто така беше спроведена од дипломати стационирани во Нигерија и на неколку аеродроми без да го пронајдат.

Сите власти, вклучувајќи ги и малите и големите авијациски организации, заедниците за вести и приватните истражувачи, не биле во можност да извлечат заклучоци за тоа каде се наоѓа или каква е судбината на авионот, и покрај истражувањето и интервјуата со лица запознаени со деталите за исчезнувањето.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk