Тој, на Пленумот на Работничката партија на Кореја, што се одржа од 9 до 11 декември, ги посочи постигнатите резултати од тековната година.
- За помалку од една година, единиците од различни видови војници на нашата армија постигнаа брилијантни борбени успеси во странска воена операција и му ја покажаа на светот непобедливоста на нашата армија и држава, потврдувајќи го својот углед како вистински бранители на меѓународната правда, истакна Ким.
Според него достигнување во надворешната политика е прославата на 80-годишнината од основањето на Работничката партија на Кореја.
- Свечените настани во чест на 80-годишнината од партијата оваа година му го нагласија на целиот свет апсолутното достоинство и непобедливата моќ што ја поседуваат само нашата партија, нашата земја и нашиот народ и постојано ја зајакнуваа цврстата волја на целиот народ што се стреми да изгради социјалистичко општество со свои умови и напори и според свој модел, истакна Ким.
Тој додаде дека во 2025 година се случила „историска пресвртница“, кога неговата земја „ја надминала последната пречка за спроведување на петгодишниот план и подготвила моментум за премин кон нова фаза“ на развој.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата