logo
logo
logo

Штајнмaер го одликува Бајден со највисок германски орден

Vecer | 18.10.2024

Штајнмaер го одликува Бајден со највисок германски орден

 Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер денеска го одликува американскиот претседател Џозеф Бајден со највисок германски орден за неговите услуги во трансатлантските односи.

Посетата на Бајден на Берлин, за време на која се очекува да разговара со германските претставници за војната во Украина и ширењето на конфликтот на Блискиот Исток, доаѓа две и пол недели пред претседателските извори во САД, пренесуваат агенциите, оценувајќи дека потенцијалниот реизбор на поранешниот американски претседател Доналд Трамп е причина за загриженост во многу европски држави, како што е Германија, каде односите со САД се влошија за време на неговиот прв мандат од 2017 до 2021 година.

„Пред само неколку години, растојанието се зголеми толку многу што за малку ќе се изгубивме еден со друг“, рече Штајнмаер во говорот откако Бајден беше пречекан во Берлин пред претседателската палата со воени почести.

Тој истакна дека кога Бајден бил избран за претседател, тој буквално преку ноќ и ја вратил надежта на Европа во трансатлантскиот сојуз.

„НАТО е незаменлива Алијанса. Така што во следните месеци се надевам дека Европејците ќе запамтат дека Америка ни е неопходна. И се надевам дека Американците се сеќаваат дека им се неопходни сојузници“, рече Штајнмаер.

Бајден рече дека Западот не може да се откаже од Украина, која сега се соочува со мрачна зима, и се заблагодари на Германија за поддршката. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk