logo
logo
logo

Штајнмаер: Германија би била „посиромашна земја“ без миграција

Vecer | 16.05.2025

Штајнмаер: Германија би била „посиромашна земја“ без миграција

- Имиграцијата никогаш не била лесна, рече Штајнмаер во Берлин на настан по повод 50-годишнината од Интеркултурната недела, национална иницијатива против расизмот.

- Тоа не е само приказна за проблеми. Тоа е исто така секогаш важен дел од приказната за успехот на нашата земја, додаде тој.

Штајнмаер рече дека дискусиите за миграциската политика треба да вклучат и „искрен став кој кажува што сакаме и можеме да направиме“, како и „консензус дека сме и ќе останеме земја со многу потекла, религии и култури“.

- Да се биде Германец денес значи и еднакви права за оние со имигрантски биографии, додаде германскиот претседател.

Околу 21 милион луѓе во Германија, околу една четвртина од населението, или мигрирале во земјата, или се деца на мигранти, рече Штајнмаер.

- Ние сме повеќе од земја со луѓе со имигрантско потекло. Германија е земја со имигрантско потекло … Без имиграција, Германија несомнено би била посиромашна земја, истакна тој.  /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk