logo
logo
logo

Американците соопштија: ПОТОПЕН БРОД видео

Vecer | 18.12.2025

Американците соопштија: ПОТОПЕН БРОД видео

Бродот го управувала „означена терористичка организација“, а американските разузнавачки служби потврдиле дека бродот „пловел познати рути за трговија со дрога во источниот Пацифик и бил вклучен во операции за трговија со дрога“, наведува командата во објава на мрежата X, пренесува NBC News.

„Вкупно загинале четворица мажи наркотерористи, а ниту еден припадник на американската војска не е повреден“, стои во објавата.

Од почетокот на септември, Пентагон потопил повеќе од 20 наводни бродови за транспорт на дрога во Карибите и источниот Пацифик, при што загинале повеќе од 90 лица во нападите.

Во последните недели, претседателот на САД, Доналд Трамп, повеќе пати најавувал дека американската војска наскоро ќе започне копнени напади насочени кон трговците со дрога во Карибите, што ги засили тензиите меѓу САД и Венецуела.

Администрацијата на Трамп минатата недела заплени танкер за нафта близу брегот на Венецуела и објави нови санкции за земјата.

Веќе речиси четири месеци, САД одржуваат значително воено присуство во Карибите, главно близу брегот на Венецуела, со образложение борба против трговијата со дрога, што Венецуела го осудува како прикриен обид за промена на режимот во Каракас.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk