logo
logo
logo

Шри Ланка забрани продажба на горива, потрошени се резервите

Vecer | 30.06.2022

Шри Ланка забрани продажба на горива, потрошени се резервите

Според BBC News, продажбата на гориво во таа земја е забранета на две недели. Од одлуката се изземени само службите за јавен превоз, возовите и возилата што се користат во итните служби и за испорака на храна. Паралелно, владата одлучи за тоа време да ги затвори сите училишта во урбаните средини, а на жителите им е препорачано да работат од дома.

Шри Ланка веќе се соочи со прекини на струја и сега ќе биде речиси парализирана поради прекинот на продажбата на гориво. Официјалните бројки велат дека одлуката е донесена откако државните резерви на гориво паднале на 9.000 тони дизел и 6.000 тони бензин. Се проценува дека сите резерви би биле потрошени за една недела доколку не се донесеше оваа одлука.

Економијата на Шри Ланка се заснова на туризмот, кој веќе донесе значително помалку пари во касата поради пандемијата и зголемените цени на енергијата. Оваа одлука ќе му нанесе дополнителен удар на туристичкиот сектор, а официјалната влада не знае кога би можела да набави нови залихи на гориво. Тие се надеваат дека ќе им помогнат Индија и Кина и планираат да одат на разговори во Катар и Русија за да се обидат да добијат поевтино гориво.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk