logo
logo
logo

Шолц: Со испораката на гасната турбина го разоткривме блефирањето на Путин

Vecer | 03.08.2022

Шолц: Со испораката на гасната турбина го разоткривме блефирањето на Путин

Од Газпром тврдат дека протокот е намален затоа што Германија не испорачала гасна компресорска турбина која е дел од гасоводот.

„Апсолутно ништо не ја спречува испораката на турбината во Русија. Таа може да се транспортира во секое време и е подготвена за употреба. Единственото нешто што е потребно е некој да го побара тоа“, рече Олаф Шолц при посетата на погоните на Сименс во Мулхајм на Рур, каде во моментов, по неколку месеци ремонт во Канада, се наоѓа оваа турбина.

Тој објасни дека никој во Газпром сè уште официјално не побарал транспорт на турбината или не ги испратил потребните царински документи за да може да ја транспортира до пумпната станица во Виборг, во близина на руско-финската граница, каде што влегува гасоводот Северен тек 1. Од „Газпром“, пак, тврдат дека од западна страна недостасуваат потребните документи.

„Таму се сите дозволи од наша страна, од Канада каде се ремонтираше турбината и преку Велика Британија преку која се транспортираше, како и германските дозволи“, гарантира германскиот канцелар.

Шолц посочи дека по ремонтот на гасоводот во јули, Газпром повторно пуштиле гас преку Северен тек 1, но со само 20 отсто од можниот капацитет, објаснувајќи дека причината е турбината која се уште не е поставена на старото место. .

Шолц истакнал и дека гасот може да се транспортира и преку други гасоводи. Во интервју за канадскиот дневен весник The Globe and Mail, Шолц изјавил дека намалувањето на испораката на гас во Европа е дел од стратегијата на Кремљ.

„Со испораката на турбината го разоткривме блефот на Путин. Тој повеќе не може да ја користи турбината како причина за намалување на протокот на гас“, рече Шолц.

За целосниот капацитет на гасоводот „Северен тек 1“ потребни се пет турбини, од кои моментално е во функција само една.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk