logo
logo
logo

Кина предупреди дека заедничките воени вежби на Филипините, САД и Јапонија ја загрозуваат довербата во регионот

Vecer | 20.04.2026

Кина предупреди дека заедничките воени вежби на Филипините, САД и Јапонија ја загрозуваат довербата во регионот

– Воената соработка меѓу државите не треба да го поткопува меѓусебното разбирање и довербата меѓу земјите во регионот, соопшти денеска кинеското Министерство за надворешни работи, како одговор на прашање за годишните воени вежби организирани од Филипините и САД, во кои ќе учествуваат и јапонски сили.

- Тоа што на Азиско-пацифичкиот регион му е најмногу потребно се мирот и спокојството, а тоа што му е најмалку потребно е вклучувањето на надворешни сили кои создаваат поделби и конфронтации – изјави на редовна прес-конференција во Пекинг портпаролот на министерството, Го Ѕјакун.

- Би сакале да ги потсетиме соодветните држави дека нивното упорно поврзување во сферата на безбедноста ќе доведе единствено до тоа самите да пламнат и ќе има спротивен ефект – додаде тој.

Армиите на Филипините и на САД денеска почнаа годишни заеднички вежби, со учество на повеќе од 17 илјади војници, боеви гаѓања, симулиран поморски напад и интегрирани воздушни маневри.

Во 19-дневните маневри „Balikatan“ што воглавно имаат за цел увежбување територијална одбрана, учествуваат и единици на вооружените сили на Јапонија, Канада, Австралија, Нов Зеланд и Франција.

Јапонија за првпат активно учествува во „Balikatan“, што во превод значи „рамо до рамо“, додека претходно нејзиното учество беше ограничено на хуманитарна помош и активности за дејствување во услови на природни непогоди.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk