logo
logo
logo

Шолц пукна од смеење на прашање за Украина, новинарите во шок ВИДЕО

Vecer | 30.06.2022

Шолц пукна од смеење на прашање за Украина, новинарите во шок ВИДЕО

Германскиот канцелар Олаф Шолц пукна од смеење на прашањето како членовите на групата Г7 планираат да гарантираат безбедност по завршувањето на руско-украинскиот конфликт.

„Постои ветување за безбедносни гаранции од Г7  за Украина по војната. Можете ли да ги прецизирате?

Тоа беше прашањето на новинарка до германскиот канцелар, која побара од Шолц повеќе детали за безбедносните гаранции што може да ги очекува Киев.

Германскиот канцелар наместо одговр се изнасмеа. Следуваше долга „драматична пауза“ во која новинарите очекуваа одговор од германски функционер.

Наместо тоа, Шолц одговори:

„Тоа би било сè“.

Ставот на самитот на Г7 беше наведен во завршната изјава, што ја покажува решеноста на водечките западни земји да понудат „одржливи безбедносни обврски за да и помогнат на Украина да се одбрани и да ја обезбеди својата слободна и демократска иднина“, пренесува RT.

Документот беше објавен во вторникот откако украинскиот претседател Володимир Зеленски им се обрати на лидерите на Г7 со видео врска. Тој ги повтори барањата на Киев да воведе повеќе санкции кон Русија. Според извори блиски до европските државници, тој побарал повеќе системи за противвоздушна одбрана.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk