Неименуван израелски безбедносен извор, цитиран од саудиската државна телевизија „Ал-Хадат“, тврди дека иранскиот врховен верски лидер, ајатолахот Моџтаба Хамнеи, „не се наоѓа во Иран“.
Моџтаба Хамнеи, кој беше именуван за врховен верски лидер на Иран кратко откако неговиот татко загина во американско-израелски напади на 28 февруари, оттогаш комуницира исклучиво преку писмени соопштенија и немал никакви јавни настапи, пренесува „Тајмс оф Израел“.
Неименуван извор изјави за „Ал-Хадат“ дека пораките на Хамнеи ги пишувале новиот командант на иранската Револуционерна гарда (ИРГЦ), Ахмад Вахиди, како и други членови на организацијата. „Внатрешните поделби во Иран се длабоки и го загрозуваат опстанокот на ИРГЦ“, изјави за саудиската телевизија неименуван извор од Израел, додавајќи дека САД не сакаат Израел да учествува во напади врз Иран, дури и ако Техеран директно ја нападне еврејската држава.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата