logo
logo
logo

Шок во Сирија: Пронајдена тајната програма за хемиско оружје на Асад

Vecer | 26.05.2026

Шок во Сирија: Пронајдена тајната програма за хемиско оружје на Асад

Привременото раководство на Сирија пронајде остатоци од тајната програма за хемиско оружје на поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад, вклучувајќи суровини и муниција за кои се сомнева дека се користени во напади за време на граѓанската војна, објави Ројтерс.

Претставникот на Сирија во Организацијата за забрана на хемиско оружје (OPCW) Мохамед Катуб во понеделник изјави за Ројтерс дека се уапсени 18 лица осомничени за вмешаност во програмата за хемиско оружје, вклучувајќи високи воени, политички и технички функционери на поранешниот режим.

Катуб во интервју рече дека се пронајдени и материјали што се користат за производство на сарин, нервен гас за кој се тврди дека се користел во напади за време на сириската војна.

Тој рече дека се запленети повеќе од 70 ракети и воздушни бомби што биле користени или наменети за хемиско оружје.

Катуб додаде дека меѓу уапсените има и високи воени функционери од структурите на поранешниот режим на Башар ал-Асад. Сириските преодни власти не објавија дополнителни детали за операцијата, а истрагата е во тек.

Извор: Б92

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk