logo
logo
logo

Шојгу: Рускиот нуклеарен „чадор“ е наменет за земјите од Договорот за колективна безбедност

Vecer | 28.11.2024

Шојгу: Рускиот нуклеарен „чадор“ е наменет за земјите од Договорот за колективна безбедност

Секретарот на Советот за безбедност на Русија, Сергеј Шојгу денеска изјави дека рускиот нуклеарен „чадор“ првенствено е наменет за земјите од Организацијата на Договорот за колективна безбедност.

„Прво, сакам да кажам дека старата доктрина го предвидуваше и овој чадор, вклучително и за нашите сојузници. Тоа беше јасно кажано. Што се однесува до новата доктрина, нормално, таа се однесува на земјите од Организацијата. Посебното дополнување, ми се чини, се однесува на Белорусија“, рече Шојгу на маргините на заедничкиот состанок на Советот на министри за надворешни работи, Советот на министри за одбрана и Комитетот на секретари на Советот за безбедност на Организацијата во Астана.

Според Шојгу, критериумите за употреба на нуклеарно оружје се доктринарно пропишани за Русија и Белорусија во случај тие земји да бидат нападнати со конвенционално оружје и кога тоа е закана за самото постоење на земјата.

Полноправни членки на Организацијата на Договорот за колективна безбедност се Русија, Белорусија, Казахстан, Киргистан, Таџикистан и Ерменија, Србија е земја набљудувач од 2013 година, а нови кандидати се Египет, Индија и Иран.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk