По разговорот со словачкиот премиер Роберт Фицо, Шмихал на Телеграм напиша дека Украина е подготвена да разговара за транзит на гас од која било земја освен Русија.
„Во тој поглед, доколку Европската комисија официјално и се обрати на Украина за транзит на гас освен руски, ние ќе разговараме за тоа и сме подготвени да постигнеме соодветен договор...Нагласувам дека договорот за транзит на гас на Украина со Русија истекува на 1 јануари 2025 година и нема да биде продолжен“, додаде тој.
Украинскиот премиер истакна дека веќе е направено многу во текот на изминатата година за да се обезбеди доволно снабдување со енергија, особено гас, за земјите од ЕУ.
Словачка и другите земји што добиваат гас од Русија преку Украина се во разговори за да се обидат да избегнат прекин на транзитот по истекот на договорот, јавија фанцуските медиуми.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата