logo
logo
logo

Шест земји од ЕУ ја стопираа вакцинацијата со дози од „Астразенека“

Vecer | 11.03.2021

Шест земји од ЕУ ја стопираа вакцинацијата со дози од „Астразенека“


Шест земји од ЕУ престанаа да користат вакцини од „Астразенека“ поради загриженост дека предизвикуваат згрутчување на крвта.

Данска, Австрија, Естонија, Летонија, Литванија и Луксембург ја прекинаа вакцинацијата со оксфордската вакцината во серија од милион дози, што е испратена во дури 17 европски земји.

Двонеделната суспензија во Данска дојде по извештаите за сериозни случаи на згрутчување на крвта кај луѓе вакцинирани со оваа вакцина.

Данските здравствени експерти потенцираат дека во моментов не е утврдено дека постои врска помеѓу вакцината и згрутчувањето на крвта.

Во исто време, Белгија најавува дека засега нема да престане да ја користи вакцината на „Астразенека“ и дека во таа земја нема познати случаи на лица со згрутчување на крвта по вакцинирањето.

„Засега знаеме дека ова е многу безбедна вакцина. Немаме аргументи за да го поддржиме кое било друго гледиште “, рече Дирк Рамекерс, шеф на белгиската работна група за вакцинација.

Европската агенција за лекови почна истрага во врска со наводите за можна врска помеѓу вакцината на „Астразенека“ и згрутчување на крвта кај оние кои ја примиле.

Белгиските здравствени власти наведуваат дека на почетокот на вакцинацијата биле пријавени смртни случаи во домови за стари лица по примени дози од „Фајзер“, но тоа истражување покажало дека тие смртни случаи немаат никаква врска со вакцината.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk