logo
logo
logo

Шеикот е мојот син КОЈ БЕШЕ КИДНАПИРАН - Жената тврди дека го препознала по лузните

Vecer | 13.04.2021

Шеикот е мојот син КОЈ БЕШЕ КИДНАПИРАН - Жената тврди дека го препознала по лузните

Жена од Италија тврди дека во шеикот Мохамед ал-Хабтур (52), син на магнат на Обединетите Арапски Емирати го препознала својот син, кој бил киднапиран на 21 јуни 1977 година на полуостровот Саленто во областа Пуља.

Бјанка Колаиани за италијанскиот весник „Кориере дела сера“ изјави дека го препознала нејзиниот син Мауро Романо, кој имал шест години за време на киднапирањето, во арапскиот шеик по лузните на веѓите и десната рака што ги добил од пегла, јавува Анса.

„Се надевам дека тој е тој, бидејќи тоа би значело дека тој е жив и не е убиен“, рече таа.

„Кориере дела Сера“ наведува дека ДНК-тест може ја реши мистеријата, но дека емирот одбил да го изврши тоа.

Роднините на Мауро сега планираат да патуваат во Дубаи и со помош на италијанскиот конзулат да го принудат шеикот да го направи тестот.

Како што се наведува, родителите никогаш не престанале да го бараат својот син.

Благодарение на нивната упорност, истрагата никогаш не била запрена, а неодамна било откриено дека наводниот киднапер е 79-годишен поранешен бербер, кој го киднапирал момчето и го дал на лица кои сè уште не се идентификувани.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk