logo
logo
logo

Шефот на украинската дипломатија воспостави контакт со идната унгарска министерка Анита Орбан

Vecer | 22.04.2026

Шефот на украинската дипломатија воспостави контакт со идната унгарска министерка Анита Орбан

 Министерот за надворешни работи на Украина, Андриј Сибига, изјави дека воспоставил контакт со идната унгарска министерка за надворешни работи, Анита Орбан, нагласувајќи ја подготвеноста на Киев за „нова страница“ во односите со Унгарија, јави унгарската новинска агенција МТИ.

- Веќе стапивме во контакт. Подготвени сме да започнеме одново со Унгарија - рече Сибига на прес-конференција, додавајќи дека Украина е отворена за конструктивен дијалог за сите актуелни прашања.

Според неговите зборови, Киев е подготвен да ги разгледува темите „разумно и во согласност со европските норми“, со цел остварување на заемно корисна соработка.

- Тоа е во интерес на двата народа и на нашата заедничка европска иднина - подвлече тој.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk