logo
logo
logo

Шефот на ОН е шокиран од нивото на смртност во северниот дел на Газа

Vecer | 27.10.2024

Шефот на ОН е шокиран од нивото на смртност во северниот дел на Газа

Притоа тој мисли на „цивилите заробени под урнатините, болните и ранетите кои остануваат без здравствена заштита што им ги спасува животите и семејствата без храна и засолниште“.

Израелските власти се уште не дозволуваат испорака на основни хуманитарни материјали, со неколку исклучоци, рече портпаролот на Гутереш.

Израел негира дека ја попречувал испораката на хуманитарна помош во Газа.

Гутереш денеска ги повтори повиците за „итен прекин на огнот во Газа и безусловно ослободување на заложниците.

- Уништувањето и лишувањето што произлегуваат од воените операции на Израел во Северна Газа ги прават условите за живот неодржливи за палестинското население таму. Овој конфликт продолжува да се води со мало почитување на барањата на меѓународното хуманитарно право, додаде Гутереш./МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk